Владина делегација предводена од Ковачевски во Абу Даби на средби со инвеститори
Во рамките на посетата, премиерот Ковачевски заедно со министрите ќе ги претстават нашите макроекономски политики, развојните цели во земјава, како и можностите за инвестиции. Ќе се остварат неколку билатерални средби со претставници на фондови.
Премиерот Ковачевски заедно со министрите Бесими, Бочварски и Николовски, се во работна посета на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Целта е директна комуникација со инвеститори и средби со претставници на инвестициски фондови за подобрување на економската активност на државава во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.
Во рамките на посетата, премиерот Ковачевски заедно со министрите ќе ги претстават нашите макроекономски политики, развојните цели во земјава, како и можностите за инвестиции. Ќе се остварат неколку билатерални средби со претставници на фондови.
Ќе се дискутира за можностите за искористување на развојните фондови што по поволни услови инвестираат во проекти и тоа во областите, инфраструктура, агробизнис, туризам и енергетика, а со фокус на обновливи извори на енергија
