МНР упати вербална нота до Софија поради изјавите на европратеникот Џамбаски
Тој, пишува во соопштението на министерството, во неколку наврати настапил иредентистички со изразување територијални претензии, со тешки навреди кон високи македонски државници. Ова, според МНР, е во спротивност на Договорот со Бугарија за пријателство и соработка.

Македонското МНР преку Амбасадата во Софија упати вербална нота со која изрази крајно незадоволство поради изјавите бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Тој, пишува во соопштението на министерството, во неколку наврати настапил иредентистички со изразување територијални претензии, со тешки навреди кон високи македонски државници. Ова, според МНР, е во спротивност на Договорот со Бугарија за пријателство и соработка.
Македонското МНР бара од Министерството за надворешни на Бугарија да се огради и да ги осуди изјавите на Џамбаски. Дополнително, МНР бара спроведување на активности од официјална Софија за спречување на слични однесувања.
