Почнува расплетот на АБА лигата

24.04.2014 11:46

Со полуфиналето меѓу Црвена Звезда и Цибона, во Белградска Арена стартува фајнал фор турнирот во регионалното кошаркарско натпреварување.
 
Српско-хрватската пресметка број 1 ќе биде првата епизода од соочувањето на клубовите од овие две земји.
 
Во двете меѓусебни соочувања во регуларниот дел од сезоната, белградската екипа победи со 88:63 на домашен терен во Пионир и со 67:76 во Домот на Дражен Петровиќ во Загреб.
 
Звезда беше најдобриот тим во рагуларниот дел со 22 победи и ја доби организацијата на финалните мечеви. Цибона имаше скор 17/9 и се пласира на четвртата позиција.
 
Победникот од овој меч обезбедува финале и место во Евролига, а во другото полуфинале што се игра утре ќе се сретнат Партизан и Цедевита.
 
Сите натпревари, ќе ги емитуваме во живо на Македонската Телевизија.
 
Преноси:
 
Црвена Звезда - Цибона (четврток 20:00)
Партизан - Цедевита (петок, 20:00)
 
ФИНАЛЕ (недела, 20:00)