Играчка пензија за Игуаин
Интер од Мајами на 34-годишниот Игуаин загуби од Њујорк сити со 3-0 и претрпе елиминација од осминафиналето на МЛС лигата, а некогашниот напаѓач на Ривер плејт, на Реал, на Наполи, на Јувентус, на Милан и на Челзи, реши да оди во играчка пензија.

Ова се денови во коишто воздишки ќе предизвикуваат и сеќавањата на остварувањата на Гонзало Игуаин, но не само во минатата сезона, туку многу повеќе во последните 15-тина години. Аргентинецот ноќеска го одигра 530-от клупски, а ќе биде завршен натпревар во кариерата.
Интер од Мајами на 34-годишниот Игуаин загуби од Њујорк сити со 3-0 и претрпе елиминација од осминафиналето на МЛС лигата, а некогашниот напаѓач на Ривер плејт, на Реал, на Наполи, на Јувентус, на Милан и на Челзи, реши да оди во играчка пензија. Во импресивната кариера даде 279 клупски голови, не сметајќи го ефектот од 31 гол на 75 натпревари за аргентинската репрезентација со којашто играше три финалиња, едно светско во 2014-та и две на Копа Америка. Со Јуве беше вицепрвак на Европа во 2017-тата, со Челзи ја освои Лига Европа, а со Реал и со Јуве беше повеќекратен првак на Шпанија и на Италија, како и освојувач на купот. Затоа фудбалскиот свет долго ќе се сеќава на неговите мајстории на теренот.
