Дали Германците ќе го менуваат работното време поради фудбалот??
Германските работници бараат прилагодување на работното време за да го следат Светското првенство во фудбал во Бразил од 12 јуни-13 јули

Германските синдикати ги повикуваат работодавците работното време во утринските смени да го прилагодат на натпреварите на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во Бразил, затоа што повеќето натпревари ќе се играат доцна навечер. Дури 28 од вкупно 64 натпревари ќе почнат по 22 часот по средноевропско време. Претседателите на синдикатите на вработените во рударскиот, енергетскиот, хемискиот и градежниот сектор за најчитаниот германски дневен весник ,,Билд“ изјавиле дека работодавците и управните одбори треба да разговараат за прилагодување на работното време доколку е тоа можно, за да не трпи работата, а вработените да можат ги следат натпреварите. Некои компании се подготвени да им излезат во пресрет на барањата на работниците. Лидерката на Сојузот на младите претприемачи Ленке Вишхузен смета дека за време на ,,ноќните“ натпревари, утринските смени треба да почнуваат подоцна,се разбира таму каде што може да се организира тоа. Некои работодавци пак сметаат работното време треба да се прилагоди посебно за време на натпреаварите во кои игра Германија.
Соња Стојановска
