Тошевски: Ова е добра шанса да ги покажеме нашите квалитети
Македонскиот состав веќе од утре ќе биде во Саудиска Арабија подготвувајќи се за оваа контрола по којашто Милевски се надева дека ќе добие некое решение плус за квалификациските натпревари закажани од март наредната година.

Во фудбалското првенство има мала пауза поради пријателскиот натпревар на македонската репрезентација со Саудиска Арабија в сабота. Селекторот Благоја Милевски ќе го искористи за проверка на играчите од нашите клубови, но меѓу нив нема да биде Мартин Стојанов, кој заработи повреда и нема да оди во Ријад. За него нема да има замена поради формалностите за патување.
Македонскиот состав веќе од утре ќе биде во Саудиска Арабија подготвувајќи се за оваа контрола по којашто Милевски се надева дека ќе добие некое решение плус за квалификациските натпревари закажани од март наредната година.
„Ова е добра шанса за нас да ги покажеме нашите квалитети. Противникот е силен, ќе игра на претстојното Светско првенство во катар, а тоа е мотив повеќе за нас за да се докажеме во репрезентативниот дрес“, изјави Кристијан Тошевски, кој досега има осум настапи за Македонија.
