Велешкиот театар ја отвори новата сезона, до крајот на годината три премиери
По две години пауза поради ковид пандемијата, велешки театар ја отвори театарската сезона, публиката се врати во салата. До крајот на годината најавуваат три премиери...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од месецов ги отвори вратите и започна со одигрување претстави на редовниот репертоар. По две годишна пауза и осетно редуцираната програма, поради ковид пандемијата, публиката повторно се врати во салата. Сезоната ја отвори „Синиот портокал“ од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, која веќе пет и пол години се игра на малата сцена и сè уште е актуелна и гледана.
Публика во наредниот период ќе може да ги гледа актуелните „Четири соби“ на Синиша Ефтимов, „Слуга на двајца господари“ на Ненад Витанов. До крајот на годинава се најавува дека ќе се изведат три премиери. За крајот на месецот е најавена премиерата на претставата „Инферно“.
Кон крајот на месец ноември, на сцената на велешки театар, ќе се одржи концерт и тоа на поп дивата Калиопи, која по седум години се враќа со настап во живо во Македонија.
Петар Печков
