Останати спортови

Валверде по третпат ја освои „Валонската стрела“

24.04.2014 12:22

Велосипедистот на Мовистар , Алехандро Валверде по втор пат во кариерата триумфира на една од најпрестижните еднодневни трки во Белгија. На 194 километри долгата делница од Шарлероа до Хој очекувано победникот се решаваше во финишот откако дури ни предноста од 9 минути во одредени периоди од трката не беше доволна за „бегалците“.

Во последните 200 метри на една од најтешките нагорнини непосредно пред целта во Хој,  Валверде се одвои од големата група и со инзвонреден финиш стигна до победата потврдувајќи ја својата добра форма, со што се наметнува како еден од главните фаворити за победа на „Тур Д Франс“.

Второто и третото место со 3 односно  4 секунди зад победникот го освоија Дан Мартин од екипата на Гармин  и Михал Квјатковски од Омега.