Македонија

Битиќи предвидува инфлација од 11,6 проценти до крајот на годината

19.10.2022 14:09

При денешната посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека очекува со најновиот владин сет мерки просекот на годишната инфлација да биде 11,6 посто...

Иако инфлацијата за минатиот месец достигна висина од 18,6 посто вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува со најновиот сет владини мерки просечната инфлациска стапка за тековната година да изнесува 11,6 проценти. Ние мора да видиме дали таа целосно е направена од увозната зависност или е мотивирана само од растот на цените на прехранбените продукти. Затоа на вчерашната владина седница разговаравме за одредени можеби и неконвенционални мерки и интервенции за да го прекинеме овој ланец на зголемување на цени вели Битиќи.

Деновиве тече тендерот на АД ЕСМ за набавка на гас во услови кога актуелните резерви се лимитирани. И при евентуални неповолни понуди вицепремиерот за економски прашања вели граѓаните не треба да стравуваат.

Министерот Битиќи вели дека со активните договори Владата поддржува 550 компании од кој 95 посто се домашни. Само оваа година со законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишани се нови 277 договори за инвестициски циклус и во следните години. Една од нив е новата инвестиција на Кромберг и Шуберт во висина од 35 милиони евра и која во следните три години ќе креира нови над 1.200 нови вработувања

Стевче Митревски