Нема договор за претседател на Народното собрание на Бугарија
Неколку безуспешни обиди да се избере претседател на бугарското Собрание. Деновиве Радев треба да го врачи мандатот на ГЕРБ, за формирање влада...

Во Бугарија конституирано новото Собрание. Во него влегоа седум партии и коалиции. Најмногу пратеници има ГЕРБ. И на второто гласање не беше избран претседател на Собранието. Претседателот Радев нагласи дека по секој неисполнет ангажман од пратениците растат предизвиците за новиот состав.
„Проблемите се трупаат. Затоа очекуваме народните избраници да работат на решавање на овие проблеми. Дури и многу фрагментиран парламент може да најде единство околу важните одлуки за земјата. Се консултирав со постари парламентарци, ваков случај не сме имале“, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.
За прв пат во поновата парламентарна историја на Бугарија четворица кандидати се предложени за претседател на Народното собрание – Росен Желиазков од ГЕРБ, Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“, Петар Петров од „Преродба“ и Кристијан Вигенин.
„Уставот е јасен дека претседателот се бира на првиот состанок, највозрасниот го отвора и води до избор на претседател, доколку кандидатот не добие мнозинство од присутните, тоа значи нови избори и уставна криза. Тоа значи дека никој не ги зема предвид илјадниците бугарски граѓани. Никогаш не сме постапиле на сличен начин“, изјави Десислава Атанасова, од ГЕРБ-СДС.
„Уставот јасно ги дал правилата, ако треба ќе останеме додека треба, не се плашиме од работа. Нема да се вклучиме во непринципиелен дијалог“, порача Кирил Петков, од „Продолжуваме со промената“.
Деновиве Радев треба да го врачи мандатот на ГЕРБ, за формирање влада.
Марина Ристова
