Изработени Студија и Стратешки менаџмент-план за заштита на Старата чаршија во Битола

24.04.2014 12:44

Со Студија за ревитализација на Старата чаршија во Битола и со Стратешки менаџмент-план за заштита на ова значајно споменично јадро беше заокружен проектот „Зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџмент - ШЕРПЛАН”, кој со средства од ИПА-фондовите на Европската Унија, се реализираше од октомври 2011 до февруари 2014 година, соопштуваат од Министерството за култура.

Проектот, освен изработката на Студијата чија основна цел е да ги валоризира, да ги заштити и да ги промовира вредностите на Битолската чаршија со имплементирани социо-економски, историски, биофизички и инфраструктурни аспекти и на Стратешкиот менаџмент-план за заштита на ова јадро, опфаќаше и изработка на ГИС-мапа за 50 објекти во Старата чаршија, типолошки извештај за заштита на културното наследство, организирање работилници на кои граѓаните можеа да ги истакнат своите идеи и мислења за унапредување на заштитата на споменичната целина, семинари и друго.

Овие документи, кои беа изработени од страна на еминентни експерти од областа на заштитата на културното наследство и туризмот, претставуваат основа и пишани прирачници за тоа како треба во иднина да се развива Старата битолска чаршија која, со модернизацијата, започна да го менува својот изглед, а со тоа се појави и ризикот да се изгубат типичната архитектура, занаетите, манифестациите и други културни вредности кои се дел од локалната традиција, а истовремено претставуваат и туристичка атракција.