94-та седница

Влада: ЕСМ да склучи договор со топланата Скопје Север

19.10.2022 16:59

Владата го задолжи Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје.

Владата jа разгледа и усвои Информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, доставена од АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, информираат од владината прес- служба.

Со донесените заклучоците од Владата, се овозможува решение за снабдување со топлинска енергија и на граѓаните корисници на услугите на Скопје Север АД, преку прифаќање на предлогот од АД ЕСМ - Скопје за начинот на премостување на отворените прашања помеѓу Скопје Север АД Скопје и АД „Електрани на Северна Македонија“ – Скопје.

Владата го задолжи Акционерското друштво  за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје.

Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023  година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ - Скопје.

Владата, на денешната седница разгледа и усвои и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за 2022 година, со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа.