Свет

СЗО: Ковид-19 сè уште е итен здравствен проблем

19.10.2022 17:35

Иако случаите во последниве месеци се намалуваат во делови од светот, земјите сè уште треба да бидат внимателни и да настојуваат да се вакцинираат најранливите групи жители, велат од СЗО.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека Ковид-19 останува глобална вонредна состојба, речиси три години откако првпат беше прогласена.

Иако случаите во последниве месеци се намалуваат во делови од светот, земјите сè уште треба да бидат внимателни и да настојуваат да се вакцинираат најранливите групи жители, велат од СЗО.

Иако јавната перцепција е дека пандемијата заврши во некои делови од светот, таа и понатаму останува јавно-здравствен настан кој продолжува негативно и силно да влијае на здравјето на светската популација, соопшти Комитетот на СЗО.