Мазутот поевтинува, цените на бензините и дизелот непроменети
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,115 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска на полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,115 денари за килограм.
Со денешната одлука цената на моторен бензин Еуросупер БС – 95 ќе биде 89,00 (денари/литар), моторен бензин Еуросупер БС – 98 91,50 (денари/литар), дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 49,919 (денари/килограм).
