Тешка група, на стартот со Шпанија
Франција, Норвешка и Шпанија се противниците на македонската селекција за ракометари до 20 години што ќе настапи на Европското првенство во Австрија од 24 јули до 3 август. На денешната ждрепка во Линц, младата македонска селекција беше рангирана во третиот сад и од подобро рангираните селекции за противници во групата ги доби фаворитите Франција и Норвешка, а од 4-от сад селекцијата на Шпанија со која нашите ракометари ќе го одиграат првиот натпревар на европското,а потоа и со селекциите на Франција и Норвешка.

Франција, Норвешка и Шпанија се противниците на македонската селекција за ракометари до 20 години што ќе настапи на Европското првенство во Австрија од 24 јули до 3 август. На денешната ждрепка во Линц, младата македонска селекција беше рангирана во третиот сад и од подобро рангираните селекции за противници во групата ги доби фаворитите Франција и Норвешка, а од 4-от сад селекцијата на Шпанија со која нашите ракометари ќе го одиграат првиот натпревар на европското,а потоа и со селекциите на Франција и Норвешка. Само двете првопласирани репрезентации од групата обезбедуваат настап во следната фаза на шампионатот.По одличните настапи во „Кале“ и победите над Италија, Исланд и Грција, силната група на европското првенство ќе биде сериозен предизвик за избраниците на Зоран Петковски, особено и поради фактот дека дел од ракометарите кои играа во младинскиот состав неколку дена порано ќе настапат на европското првенство за јуниори во Полска , а се во група со Шпанија, Русија и Данска.
Групи за ЕП во Австрија
Група А: Македонија, Франција,Норвешка, Шпанија
Група Б: Данска,Србија,Естонија, Швајцарија
Група Ц: Германија, Австрија, Словачка, Белорусија
Група Д: Шведска, Израел, Унгарија , Словенија
