Свет

Телефонски разговор Ердоган- Зеленски

19.10.2022 19:49

Како што пренесуваат турските медиуми, Ердоган истакнал дека под какви било околности треба да се зачува можноста за дипломатско решение на кризата во Украина.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со својот украински колега, Володимир Зеленски, за последните случувања во врска со војната во Украина.

Како што пренесуваат турските медиуми, Ердоган истакнал дека под какви било околности треба да се зачува можноста за дипломатско решение на кризата во Украина.

Турција е подготвена да направи сè што е потребно за да се стави крај на војната преку преговори, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.