Европа

Одложена заедничка седница на француската и германската влада

19.10.2022 20:24

По пишувањето на медиумите, германската Влада денеска и официјално го потврди одложувањето на седницата...

Разликите во позициите меѓу Париз и Берлин предизвикаа одложување за јануари на заедничката седница на француската и германската влада, што требаше да се одржи на 26 октомври во Фонтенбло.     

По пишувањето на медиумите, германската Влада денеска и официјално го потврди одложувањето на седницата.

Има цела низа прашања … во кои сè уште не сме постигнале заеднички став, објасни портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт на новинарско прашање за можни несогласувања меѓу Берлин и Париз.

Тој не откри детали за тековните преговори, велејќи дека има и „логистички тешкотии“ за некои министри „кои нема да можат да присуствуваат на состанокот поради други обврски“.

Сепак, според некои извори, меѓу Париз и Берлин се акумулирале несогласувања поради војната во Украина.