Крамариќ: Проблемите да се решаваат во парламентот, а не на улица

24.04.2014 13:09

Изборниот процес е демократски чин. Волјата на гласачите влијае врз власта, затоа е подобро да се биде присутен во собранието, отколку да се дејствува надвор од него, оценува за МТВ хрватскиот амбасадор во Македонија, Златко Крамариќ!

„Сите облици на  демократија се легитимни, но мислиме дека за доброто на една земја и за нејзината стабилност е многу подобро проблемите да се решаваат во Парламентот, од оние претставници  што граѓаните на Република Македонија ги избрале. Од лично искуство сметам дека е многу подобро да се седи во Парламентот и таму да се бориш за своите идеи, а не на улица“, вели Крамариќ.