Бугарско МНР: Јавните изјави што ја навредуваат или провоцираат другата страна се апсолутно неприфатливи
Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја...

Бугарија отсекогаш настојувала да ги зајакне и продлабочи пријателството и добрососедските односи со Северна Македонија. Бугарија вложи многу труд за да ја реализира оваа цел во последните години, се наведува во соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и обидите да се претстават како такви се неточни и знак на лоша волја.
Без оглед на бројните провокации против Бугарија и особено кон Бугарите во Северна Македонија во последните месеци, бугарското Министерство за надворешни работи смета дека ваквиот говор е неприфатлив и крајно контрапродуктивен.
- Ваквите изјави не се во интерес на Бугарите во Северна Македонија. Тие го одвлекуваат вниманието на јавноста од правичниот и легитимен стремеж на бугарската заедница за еднакви граѓански права, особено за слободно здружување и одбрана на нивното културно и историско наследство, се наведува во ставот на Софија.
