Свет

Уапсени 14 странски државјани на протестите во Иран

20.10.2022 09:50

Иран за протестите низ земјата, кои избија по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор, ги обвинија насилниците поврзани со странски непријатели. Демонстрантите повикаа на пад на исламската република...

Иранските безбедносни сили уапсиле 14 странски државјани, меѓу кои американски, британски и француски државјани, поради учество во антивладините протести.

Иран за протестите низ земјата, кои избија по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор, ги обвинија насилниците поврзани со странски непријатели. Демонстрантите повикаа на пад на исламската република, а Техеран ги обвини САД и западноевропските земји за поттикнување на немирите.