Турција

Ердоган: Европа ќе добива руски гас преку Турција

20.10.2022 09:59

Турскиот претседател Ердоган изјави дека со неговиот руски колега Путин се договорил за изградба на јазол за природен гас во Турција. Изјави дека Европа ќе добива руски гас преку јазолот во Турција...

Турскиот претседател Ердоган изјави дека со неговиот руски колега Путин се договорил за изградба на јазол за природен гас во Турција. Изјави дека Европа ќе добива руски гас преку јазолот во Турција.

– Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се стоплат претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, природен гас може да се испорачува и во Европа, истакнал Ердоган пред членовите на неговата партија во парламентот.

Американскиот Стејт департмент е против создавање гасен центар, најавен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе биде изграден во соработка со Русија.