Бенфика - Јувентус финале пред финале!
Сите полуфиналисти играле некое од европските финалиња, двајца биле и шампиони на стариот континнет, тројца ја освојувале УЕФА лигата или купот, а само Бенфика нема трофеј во второто по вредност фудбалско клупско натпреварување. Затоа полуфиналните пресметки во УЕФА Европа лигата, Бенфика - Јувентус и Севилја - Валенсија, гарантираат возбудувања.

Сите полуфиналисти играле некое од европските финалиња, двајца биле и шампиони на стариот континнет, тројца ја освојувале УЕФА лигата или купот, а само Бенфика нема трофеј во второто по вредност фудбалско клупско натпреварување. Затоа полуфиналните пресметки во УЕФА Европа лигата, Бенфика - Јувентус и Севилја - Валенсија, гарантираат возбудувања.
Славното полуфинале во Купот на шампионите 68-та и припадна на Бенфика, 21 година подоцна Јувентус се раваншираше во четвртфиналето на Купот на УЕФА, па и поради традицијата нема фаворит во пресметката на екипите што од шампионската се преселија во УЕФА лигата и во неа се без пораз со по пет победи и по едно реми.
Новиот португалски првак дома не загубил на 12 европски мечеви во серија, но и „старата дама“ го реши најголемиот проблем, а тоа беа гостувањата, па врза три триумфи и е несовладана на осум дуели.
Бенфика ги загуби двете финалиња во ова натпреварува, вклучувајќи го и ланското од Челзи, но е во позитивна серија од 15 победи и две нерешени во Лисабон. Јуве пак, кој трофејот го освојуваше трипати, чекаше 11 години за ново европско полуфинале.
Респектирајќи се меѓусебе и поделувајќи комплименти за противникот и двајцата тренери сметаат дека ова е дуел на двете најдобри екипи. Заедничка им е и проценката дека натпреварот на „Новиот Луж“ нема да биде решавачки. Веројатно тоа што реваншот ќе биде во Торино е минималната предноста на Јувентус кој ќе се обиде по Феенорд и Спортинг да биде третата екипа што финалето на УЕФА купот или лигата би го играла на својот стадион.
Најголем хендикеп за Бенфика ќе биде отсуството на Гаитан кој заедно со Сулејмани им се придружија на оддамна повредените Салвио и Силвио. Проблемот за Јувентус пак, може да биде двоен доколку покрај Видал не игра и Тевез чиј настап ќе биде неизвесен до пред почетокот на натпреварот во 21 часот и 5 минути со пренос на МРТ1.
Во шпанското полуфинале на некогашните освојувачи на Купот на УЕФА, Севилја и Валенсија првпат ќе се соочат во Европа. Во досегашните 207-те дуели поуспешен е тимот од Месталја, сезонава во Севилја беше 0:0, во Валенсија славеше домаќинот со 3:1. Сепак Севилја во моментов е во подобра форма затоа што има седум победи на осум меча или 12 на 15 средби, додека Валенисја триумфираше само еднаш во последните пет натпревари. Севилја е без европски пораз сезонава на Санчез Писхуан и во шпанското првенство е петта со 14 бода предност пред осмопласираната Валенсија. Кај домаќинот нема да играат Коке, Черишев и Кристофоро, додека проблематичен е и настапот на Морено. Истото важи за Сандерос кај Бенфика ка којашто ќе ги нема Алвес и Руиз.
