САД

Уапсено лице во Вашингтон со оружје во автомобил

20.10.2022 11:39

Осумдесетгодишен маж од Џорџија бил уапсен откако во неговото возило паркирано во близина на Капитол Хил во Вашингтон биле пронајдени два пиштола и пушка...

Осумдесетгодишен маж од Џорџија бил уапсен откако во неговото возило паркирано во близина на Капитол Хил во Вашингтон биле пронајдени два пиштола и пушка.

Приведениот наводно сакал да достави документи до Врховниот суд на САД.

Двајцата негови сопатници се приведени, но сè уште против нив не е покренато обвинение.