Партии

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Арсовска за колапсот во ЈСП

20.10.2022 12:58

Вчера за Арсовска беше виновна Владата, а денес е виновен управниот одбор на ЈСП којшто наводно го упропастил претпријатието. Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Вчера за Арсовска беше виновна Владата, а денес е виновен управниот одбор на ЈСП којшто наводно го упропастил претпријатието. Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа, илјада семејства се без плата, а милион граѓани без превоз.

Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.