Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман
Секоја година околу стотина пациенти се дијагностицираат со Мултипла склероза, но повеќе од новодијагностицираните пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија. Станува збор за млади лица, кои ако и понатаму останат без терапија постои ризик за прогресија на болеста...

Секоја година се дијагностицираат од 80 до 120 пациенти со Мултипла склероза. Ана Карајанова-Димитрушева првпат со оваа дијагноза се соочила пред 23 години, низ смеа вели јас сум пациент од минатиот век. Раскажува како ги гледа своите нови соборци во здружението додека ја негираат дијагнозата, но вели, така само си прават полошо.
Таа преку Националното здружение се бори за подобар живот на сите со оваа болест. Вели, се јавува недостиг на лекови за новодијагностицираните, бидејќи бројот на пациентите не се намалува оти никој не се излечил. А, без терапија болеста може да прогресира. Секоја година има сè повеќе и повеќе болни.
Во Македонија околу 1.450 пациенти имаат дијагноза Мултипла склероза.
Наташа Ј. Менковски
