Продолжува протестот на Македонски пошти
Вработените во „Македонски пошти“ втор ден протестираат за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите...

Вработените во „Македонски пошти“ втор ден протестираат за време на паузата. Посочија дека не бараат покачување, туку редовна плата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи.
Претседателот на Синдикатот на „Македонски пошти“, Боро Велигденов, информираше и дека вчера одржале состанок Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор. Вработените велат дека со овие проблеми се соочуваат со години. Предупредуваат дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада.
Од Сојузот на синдикати на Македонија информираа дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.
Ана Ј. Тодоровска
