Груевски: Наскоро крупна инвестиција во североисточниот дел на Македонија

24.04.2014 13:22

Груевски истакна дека фокусот на работа и понатаму останува на намалување на невработеноста...

Деновиве се очекува уште една компанија да ја најави својата инвестиција во североисточниот дел на земјава. Компанија со која сме во постојана комуникација и работиме на случајот кој е во сам финиш.

За само три недели, менаџири на шест компании изјавија зошто донеле таква одлука, да инвестираат во Македонија, кога ќе ја градат фабриката, колку луѓе ќе вработат и колку ќе чини инвестицијата. Тоа е основата на нашето работење, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред кумановци.

Груевски истакна дека фокусот на работа и понатаму останува на намалување на невработеноста.

 

Наташа Гркова-Петрушевска