Една петина од Грците без социјално осигурување

24.04.2014 13:29

Грчкиот министер за здравство Андонис Георгијадис соопшти дека има план како да обезбеди бесплатни лекови за 20% од Грците коишто немаат социјално осигурување

Според шема како за пописот на грчките пензионери, Владата на Грција ќе го утврдува и точниот број социјално неосигурени луѓе, за да им обезбеди бесплатни лекови. Сега се претпоставува дека бројот се движи помеѓу 1,9 до 2,4 милиони неосигурени Грци. Голем дел од нив се луѓе што останале без работа. ,,Сакаме да најдеме начин на кој државата може директно да ги покрие своите обврски. И тоа сигурно мора да се случи на начин со кој ќе имаме јасна контрола врз тоа колку се троши“-изјави Георгијадос. Тој додаде дека државата неодамна одвоила 13 милиони евра за операции на неосигурените грци. Тие  пари биле од мито за еден склучен договор во одбраната коишто  биле одземени  и ставени во државната каса.

Неосигурените Грци засега може да добијат лекови само во бесплатните болници со кои раководат општините, како и во медицинските банки на Атинската асоцијација и Федерацијата на грчките фармацевтски компании.

Соња Стојановска