Премиерката Трас со најкраток мандат во британската историја
Водачот на британската опозиција повика на предвремени општи избори, бидејќи хаосот меѓу конзервативните пратеници на премиерката Трас речиси го попречи парламентарното гласање во средата вечер.

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка од функцијата по периодот на политички превирања поради критикуваниот буџет, високи владини фигури кои ја напуштаат нејзината влада и хаотичното гласање во Долниот дом.
„Дојдов на власт во време на голема економска и меѓународна нетабилност. Семејства и бизниси беа загрижени како ќе ги платат сметките. Нелегалната војна на Путин во Украина, и се закани на безбедноста на целиот континент. Нашата земја предолго беше во застој од нискиот економски раст. Бев избрана од конзервативната партија со мандат да го променам тоа.со оглед на ситуацијата не можам да го исполнам тоа за што бев избрана. Затоа го известив неговото височество, кралот дека поднесувам оставка на функцијата лидер на конзервативната партија. Во текот на наредната недела ќе има избори за нов лидер. Ќе останам на функцијата премиер до избор на мој наследник“, рече Трас.
Претходно водачот на британската опозиција повика на предвремени општи избори, бидејќи хаосот меѓу конзервативните пратеници на премиерката Трас речиси го попречи парламентарното гласање во средата вечер.
„Сакам да изложам што е на коцка за Британија, бидејќи иако политиката е секогаш за избори, изборот сега е толку јасен. Изборот на лабуристите за Британија е поправеден, позелен и подинамичен. Британија каде што ги обновуваме нашите јавни услуги за да обезбедиме можности и безбедност“, изјави Кир Стармер, лидер на опозицијата во Обединетото Кралство.
Стармер рече дека Велика Британија не може да си го дозволи хаосот на конзервативната партија, додавајќи дека се потребни општи избори.
Неуспешниот економски план откриен од владата минатиот месец предизвика финансиски превирања и политичка криза во која се смени шефот на министерството за финансии на Трас, повеќекратни пресврти во политиката и рушење на дисциплината во владејачката конзервативна партија.
Лиз Трас влезе во историјата како британски премиер со најкус мандат. На функцијата беше само месец и половина.
Марина Ристова
