44 нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.

Во последните 24 часа направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1. Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистриран e 81 оздравен пациент од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Сите лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 03.10 до 18.10.2022 година.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.
Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на КОВИД-19.
