Обвинителство

Русковска повторно се кандидира за истата функција

20.10.2022 16:14

Даваше исказ за пријавата на поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Распитот го смета за притисок затоа што е осомничена и против неа има кривична пријава.

Екс-шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјави дека повторно се кандидирала за истата функција.

Даваше исказ за пријавата на поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Распитот го смета за притисок затоа што е осомничена и против неа има кривична пријава.

„Да! Апсолутно така гледам на целата постапка и на моето суспендирање и на поведувањето дисциплинска постапка како и на веќе поднесената кривична пријава“, нагласи Русковска.

На прашање дали имала други притисоци освен овие, таа изјави дека засега не знае, но во минатото имало и повтори дека останува на претходно кажаното дека таквите закани доаѓале од една поранешна влада.

Русковска нагласи дека од колегите очекува да ја поддржат и да гласаат за неа.