Свет
Силен земјотрес ја погоди Панама
20.10.2022 18:29
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан.

Земјотрес од 6,7 Рихтери ја погоди западна Панама. Потресот бил на околу 10 километри длабочина, југозападно од Бока Чика, на брегот на Пацификот.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост 62 километри од брегот на Тихиот Океан.
Медиумите во Панама не јавуваат за материјална штета, жртви или повредени, но граѓаните излегоа надвор од објектите поради силниот земјотрес.
