Спасовски на состанок на министри за внатрешни работи на Берлинскиот процес
Министерот се осврнал на потребата од нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво со оглед на сличноста на безбедносните закани не само за државата и регионот, туку и за земјите од ЕУ и САД.

Министерот Спасовски денеска учествуваше на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес.
Како што пренесува МВР, Спасовски оценил дека безбедносната состојба на државните граници е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период, со оглед на фактот што особено внимание се посветува на раното откривање и спречување на обидите за илегално минување на државната граница, како и спречување на криумчарењето на мигранти.
Министерот се осврнал на потребата од нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво со оглед на сличноста на безбедносните закани не само за државата и регионот, туку и за земјите од ЕУ и САД.
Според него само со воспоставување на правна рамка за остварување меѓународна соработка помеѓу полициските служби и јавните обвинителства во земјите од Европа, може да се застане на патот на организираниот криминал.
