МВР
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од шест години
20.10.2022 20:35
Тој бил баран по централна потерница за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.

Вечерва во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(27) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, информираат од МВР.
