Велика Британија

Џонсон ќе се кандидира за лидер на британските конзервативци

20.10.2022 19:31

„Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави „Дејли телеграф“.

„Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција.

Резултати од анкета спроведена на почетокот на неделата покажаа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат поранешниот премиер Борис Џонсон да се врати на позицијата лидер на партијата и да ја замени Лиз Трас на премиерската функција.