МВР

150 санкционирани возачи во Скопје

21.10.2022 08:36

Изречени се пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, четири мерки за користење мобилен телефон, соопштуваат од МВР...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за возење над дозволеното, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, четири мерки за користење мобилен телефон, соопштуваат од МВР.