Брисел

Лидерите на ЕУ не се усогласија за енергетската криза

21.10.2022 09:39

Постигнат е единствено консензус за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза, со кој се предвидува да се работи на намалување на цените, обезбедување сигурност на снабдувањето и гарантирање на побарувачката...

Уште една дебата за одговорот на блокот на енергетската криза без договор за ограничување на цените на гасот. Лидерите на ЕУ во Брисел не успеаја да ги усогласат ставовите. Обединети единствено за широка рамка за справување со ценовниот шок. Ќе се работи на намалување на цените, обезбедување сигурност на снабдувањето и гарантирање на побарувачката. Мишел и фон дер Лајен изразија задоволство што лидерите успеаја да се договорат за заеднички набавки на гас.

„Уверен сум дека многу брзо ќе се видат ефектите, бидејќи мислам дека испраќаме јасен сигнал и до пазарите. Тоа значи дека сме подготвени да работиме заедно, дека можеме да дејствуваме заедно и дека постои силна политичка волја. Затоа сум уверен дека ќе има напори многу брзо и итно ќе ги спроведеме различните мерки што се на маса“, изјави Шарл Мишел, претседател на европскиот совет.

Воведена е и „клаузула на доверба“, секоја земја членка е обврзана да учествува во заедничкото купување на гас на ниво на ЕУ за најмалку 15 насто од полнењето на залихите. Со ова, ЕУ вели дека се испраќа сигнал до пазарот дека ЕУ е обединета и нема земјите да се натпреваруваат една со друга на енергетскиот пазар.

„Европските граѓани со текот на времето ќе ги видат ефектите од нашите напори кои се во тек. На почетокот на оваа ужасна војна, ако ги погледнеме осумте месеци што поминаа оттогаш, Русија намали за две – третини од сите нејзини испораки на гас во Европа. Ние успеавме да го компензираме ова целосно со тоа што ќе имаме други добавувачи, како што се, на пример, сад и норвешка“, изјави Урсула фон дер Лајен, изјави претседател на Европската комисија.

„Фактот што постигнавме договор, ја покажува нашата решеност да продолжиме напред во оваа насока. Ова испраќа многу јасен сигнал до пазарите за нашата решителност и нашето единство“, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон.

Приватните компании, сепак, и натаму се слободни да ги отфрлат понудите на заедничко снабдување на земјите.

Бојана Крстевски