Груевски најави нова инвестиција вредна 400 милиони долари и отворање 5.000 работни места
Станува збор за инвестиција на компанијата „WEIBO Group“, најголема турска инвестиција во Кина...

Премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил предмалку објави нова инвестиција која ќе отвори 5.000 нови работни места.
„Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето на нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план. Затоа честитки до граѓаните за новата инвестиција во североисточниот дел која на Македонија и носи нови 5.000 работни места и нови 5.000 вработувања. Уште еден доказ дека има разлика! Тоа се 5.000 семејства. Нашата борба за нови работни места продолжува, напиша Груевски.
Станува збор за инвестиција на компанијата „WEIBO Group“ која се занимава со производство на кошули, костими, палта, јакни, класични и неформални пантолони, а исткнуваaт дека квалитетот им е најсилна одлика.
Во соопштението на компанијата стои дека првичната инвестиција е 180 милиони долари, а во рок од пет години вкупните инвестиции во Македонја ќе бидат 400 милиони долари. Во рок од пет години се очекува извозот да достигне 600-800 милиони долари, а истиот ќе биде наменет за САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија.
WEIBO Group е најголема турска инвестиција во Кина, а компанијата првичниот контакт со македонската влада го остварила во декември 2013 година, а после анализата на можностите за инвестирање во земјава менаџментот на компанијата одлучил дека најсоодветен за инвестирање е североисточниот дел од Македонија.
