Напад врз хидроелектраната Каховка
Во опасност од недостиг на вода се над 80 места. Претседателот на Украина Зеленски потврди дека е оштетена важна брана на реката Дњепар во јужниот регион на Херсон...

Русите минираа брана и делови од хидроелектраната во Каховка. Во опасност од недостиг на вода се над 80 места. Претседателот на Украина Зеленски потврди дека е оштетена важна брана на реката Дњепар во јужниот регион на Херсон.
„Ирански персонал е директно вмешан во Крим, помагајќи им на силите на Москва да извршат напади со беспилотни летала произведени од Иран“, соопшти Белата куќа. Во меѓувреме, претседателот Бајден ја обвини Републиканската партија дека сака да ја намали финансиската помош за Украина, доколку победи на среднорочните избори за Конгресот наредниот месец.
Од почетокот на руската инвазија, администрацијата на Вашингтон му достави до Киев воена помош во вредност од 17,6 милијарди долари.
