Во понеделник резултатите од изборот на новиот лидер на конзервативците
Лиз Трас поднесе оставка само шест недели од преземање на мандатот бидејќи не успеала да ги постигне ветеното. Меѓу кандидатите за нов премиер се поранешниот министер за финансии Риши Сунак и бившата министерка за одбрана Пени Мордонт...

Првите резултати од внатрепартиските избори за нов лидер на британската Конзервативна партија, кој ќе ја замени премиерката во заминување Лиз Трас, ќе бидат објавени во 19 часот во понеделник.
Трас поднесе оставка само шест недели од преземање на мандатот бидејќи не успеала да ги постигне ветеното. Меѓу кандидатите за нов премиер се поранешниот министер за финансии Риши Сунак и бившата министерка за одбрана Пени Мордонт.
Анкетите покажуваат дека повеќето конзервативци сакаат на власт да се врати поранешниот премиер Борис Џонсон, кој беше сменет во Даунинг стрит во јули. Кандидатите треба да добијат поддршка од барем 100 пратеници за да влезат во конкуренција. Номинациите се затвораат во 15 часот.
