САД

Адмирал Гилдеј: Вашингтон треба да се подготви за кинеска инвазија на Тајван

21.10.2022 10:19

Шефот на поморските операции говореше во Атлантскиот совет за можноста Пекинг да го заземе Тајван до 2027-ма година. Претседателот на Кина, се очекува да добие трет мандат на 20. конгрес на Комунистичката партија. Тој најавува план за обединување на Тајван и не ја исклучува можноста за употреба на сила...

Американската војска треба да се подготви за потенцијална кинеска инвазија во Тајван годинава, предупреди американскиот адмирал Мајкл Гилдеј. Шефот на поморските операции говореше во Атлантскиот совет за можноста Пекинг да го заземе Тајван до 2027-ма година.

Претседателот на Кина, се очекува да добие трет мандат на 20. конгрес на Комунистичката партија. Тој најавува план за обединување на Тајван и не ја исклучува можноста за употреба на сила. Слично предупредување и од државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Тајван беше холандска колонија, а Кина го презеде во 1683-та година. Во 1895-та година и го отстапи островот на Јапонија. По капитулацијата на оваа земја во Втората светска војна, контролата врз Тајван повторно ја презеде Кина. Во Граѓанската војна победија комунистичките сили така што дотогашните власти на Кина во 1949 година побегнаа на Тајван и прогласија своја држава. Од тој период трае спорот за сопственоста на островот, кој од 196-та0 година бележи брз економски раст.