Македонска премиера на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Митевска
Во наредните месеци филмот ќе биде прикажуван на повеќе фестивали низ целиот свет. Својата промоција веќе ја имаше во Киев, потоа на Филмскиот Фестивал во Израел, а од утре во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро. Во октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска...

Македонскиот кандидат за Оскар филмот „Најсреќниот човек на светот“ македонска премиера ќе има на 27-ми октомври во кино Милениум. Филмот е во режија на Теона С. Митевска, а е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.
Во наредните месеци филмот ќе биде прикажуван на повеќе фестивали низ целиот свет. Својата промоција веќе ја имаше во Киев, потоа на Филмскиот Фестивал во Израел, а од утре во Бразил на Интернационалниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро. Во октомври филмот ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Загреб, по што веднаш следува и кино дистрибуција на филмот во Хрватска.
„Најсреќниот човек на светот“ е целосно на босански јазик и најголемиот дел од актерската екипа се босански и хрватски актери. Во филмот играат Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача како и Фирдаус Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева во епизодни улоги, додека главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ. Во актерската екипа се и Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Кемал Ризвановиќ од БиХ.
Филмот е заснован на вистинска приказна на косценаристката Елма Татарагиќ.
