ЗАПАДЕН БРЕГ
Убиен е 19-годишен Палестинец
21.10.2022 12:19
Во престрелката се повредени уште тројца. Немирите почнале поради апсењата во бегалскиот камп Јенин...

Палестинското МНР соопшти дека е убиен 19-годишен Палестинец, откако бил ранет од израелската војска на Западниот Брег. Во престрелката се повредени уште тројца.
Немирите почнале поради апсењата во бегалскиот камп Јенин. Годинава на Западниот Брег се регистрирани убиства на над 120 Палестинци, што се смета за најголема бројка од 2015-та година.
