Македонија

Субвенциите привремено ја стивнаа вревата околу млечната криза

21.10.2022 12:48

Субвенционирање на домашниот генетски материјал, зголемување на нумериката на стадата и подобрување на менаџментот во професионалните фарми се дел од основите на која треба да почива новата стратегија за надминување на млечната криза сметаат поголемите сточари и млекопреработувачки капацитети...

Субвенциите се исплатија, вревата околу млечната криза привремено се стивна. Поголемите чинители на млечната индустрија велат со купување на време млечната криза нема да се надмине. Сточарот Ќани Џезаири близу половина век се занимава со оваа дејност. Неговиот голем сточен фонд денес е преполовен. Излезната визија ја гледа во сточарите да бидат вклучени во мерката зелена нафта,навремената исплата на субвенциите, но пред сè помош за сточниот подмладок.

Поголемите млекопреботувачки капацитети велат, дефицитот на квалитетно сирово млеко сериозно притиска. Според нив, неопходно е да се обезбеди трансфер на квалитетни грла од малите кон големите фарми, со цел да се подигне продуктивноста.

Актуелните енергетски состојби дополнително создаваат нови проблеми. Најдовски очекува да се заузди ценовниот шок на производите, доколку се остварат владините најави прехранбената индустрија да оди на регулираниот енергетски пазар.

Тој смета дека мора сериозно да се работи на зголемување на сточните фондови, бидејќи млечната криза е присутна и во земјите од опкружувањето и помина времето кога поради нивната хиперпродукција можевме поопуштено да се однесуваме.

Стевче Митревски