Стратегија за социјално претприемништво наместо социјална помош
Државата има стратегија за социјално претприемништво, но соодветен закон сè уште нема. Европските искуства се дека социјални претпријатија со вработување на лица во социјален ризик се подобри решенија од месечната социјална помош и освен што обезбедуваат приход, ваквите претпријатија помагаат за социјализација на маргинализираните лица...

Нашиот систем за социјална заштита е димензиониран да им дава директна помош на лицата во социјален ризик. Но, се потврдува во пракса дека далеку поефикасен е системот на социјално претприемништво кој создава услови за лицата во социјален ризик, работно да се активираат и да генерираат средства за помош на социјално ранливите категории. Во Македонија постои стратегија за социјално претприемништво, но законски решенија сè уште нема.
И покрај несоодветната законска регулатива за социјално претприемништво, во Штип веќе има неколку успешни социјални претпријатија
За сега во регионот најуспешното социјално претпријатие е во Струмица, каде лица кои се борат со некој вид на зависност произведуваат органска храна, а неодамна отворија и пекарница.
Славица Величковска
