Таравари: Ќе гласаме за уставни измени откако ќе се усвојат нашите мерки
За уставните измени ќе гласаме откако ќе ги презентираме и ќе се усвојат нашите сет мерки, во кои еден од најважните ќе биде во Уставот да се вметне албанскиот јазик, на местото над 20%, истакна, в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата која ја одржа во Тетово. Последниот извештај на Европската комисија, Таравари го оцени како лош за напредокот на земјава…

Алијансата за Албанците ќе гласа за уставните измени во Собранието, ако владата ги прифати нашите сет мерки. Пакетот ќе се презентира идната недела пред главните амбасади и јавноста. Тоа е нешто, што не може да се одбие, истакна в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Таравари го коментираше и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава, каде според него Владата потфрлила во сите кластери. Главниот збор на овој Извештај за прогресот е корупцијата.
Зборот „корупција“ се појавува во извештајот 67 пати, потврдувајќи го она што постојано го кажуваме, дека корупцијата во Северна Македонија за време на владеењето на СДСМ-ДУИ достигна алармантни и невидени нивоа, дополни Таравари.
Зоран Димовски
