Дистрибуиран гласачкиот материјал за изборите на 27-ми април
24.04.2014 15:14
Дистрибуцијата се одвиваше со асистенција на полицијата и под надзор на претставници на ДИК...

Изутрината беше преземен целокупниот гласачки материјал, за вториот круг претседателски, и за предвремените пратенички избори, што се печатеше во битолската печатница „Киро Дандаро“.
Дистрибуцијата се одвиваше со асистенција на полицијата и под надзор на претставници на ДИК.
Денеска и утре, гласачкиот материјал ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, за натамошна распределба.
