Скрининг

Забрзуваат реформите во даночниот систем

21.10.2022 15:55

Даночниот систем се подготвува за системот на Европската унија, а Владата е решена да ги забрза реформите со цел – усогласување со европските регулативи и стандарди...

Даночниот систем се подготвува за системот на Европската унија, а Владата е решена да ги забрза реформите со цел – усогласување со европските регулативи и стандарди, оценува Маричиќ на објаснувачкиот скрининг состанок за поглавјето 16 во Брисел.

Тој појасни дека земјава бележи напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и постапката за поврат на ДДВ, но дека треба да работи на капацитетот на даночната и да осигура ефективна автоматска размена на даночни информации со земјите членки на унијата.

Директорката на УЈП смета дека ова поглавје ќе донесе предности за бизнисот и македонските компании, пред сè за помали административни трошоци, потранспарентен и посигурен бизнис и намалување на бирократските постапки.

За административна соработка и заемна помош, Владата има потпишано 49 договори за избегнување на двојното оданочување и спречување на прикривањето даноци, од кои 24 се склучени со земјите-членки.

Анита Димитријевска Велковска