Статистика

Просечната нето-плата во август достигна 31.871 денари

21.10.2022 16:13

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари...

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 %  во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).