Енергетика

ЕСМ произведува со два блока од РЕК Битола и еден од РЕК Осломеј

21.10.2022 17:06

Со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоелектраните и со оглед на топлото време, потребите се задоволуваат со наведените капацитети...

Во моментов АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, еден блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред сè за системски услуги, велат од ЕСМ.

Со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоелектраните и со оглед на топлото време, потребите се задоволуваат со наведените капацитети.

ТЕЦ Неготино работеше во период додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола и со повторното вклучување на Блок 1 во системот се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени, се вели во соопштението на ЕСМ.